Промоција На Книгата “Светилници На Светот”

Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум
Ве поканува на промоција на книгата за деца “Светилници на светот – Македонски светители”.

Книгата се издава по повод Рождеството на Спасителот Господ Исус Христос, издавач е Струмичка епархија – манастирот “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.
Содржи житија на светители од нашите простори: Пресвета Богородица, Собор на сите македонски светители, св. Методиј и Кирил, св. Климент и св. Наум Охридски, св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, св. Леонтиј Струмички, св. Теофил Струмички, св. Лидија Македонска, св. Злата Мегленска, св.Јоаким Осоговски и св. Гаврил Лесновски. Збогатена е со илустрации од децата од Струмица.
Книгата е прв дел од житијата.

Промоцијата ќе се одржи во манастирот Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, на 10. Јануари, во 18.00 часот.
Истовремено ќе се одржи и изложба на детските цртежи работени за книгата.

Промотор на книгата ќе биде Епископот Полјански г. Јаков.
Бидете дел од големата Божиќна радост.

Напишете коментар