Промоција на Брошура за грантирани проекти од Општина Струмица за 2015 г

Центарот на заедницата на општина Струмица изработи двојазична брошура (македонски и англиски јазик) за активностите на граѓанскиот сектор во периодот јуни-декември 2015 година, а се однесува на проектите и активностите финансирани од Општина Струмица, како дел од годишниот јавен повик за финансирање на проектни идеи од областите ЛЕР и социјална заштита за 2015 година. Изработката на брошурата е поврзана Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор 2015-2020 г., а е изработена со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Како дел од содржината на брошурата се следниве целини: објавен повик за прибирање проекти од областа ЛЕР (G1) и социјална заштита (V2), потребни детали за секој апликант, како и анекси и формулари што беа потребни за аплицирање на една од двете програми ЛЕР (G1) или социјална заштита (V2); извештаи за одржаните настани во Центарот на заедницата на општина Струмица; донесените одлуки за избор на грантирани здруженија и опис на проектните реализации.

Со цел промоција на брошурата, ЦЗ Струмица Ве поканува медиумски да го покриете настанот на кој ќе биде презентирана изработената брошура, а на истиот настан ќе присуствуваат сите здруженијата кои добиле финансиска помош од Општина Струмица за реализирање проекти за 2015 г.

Промоцијата ќе се одржи на ден 13 октомври 2016 г. од 12 до 13 часот во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица.

Напишете коментар