Пролетно обележување на хоризонталната сигнализација

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ врши пролетно обележување на хоризонталната сигнализација во градот. За прв пат оваа активност претпријатието ја врши самостојно и машински.
Бидејќи, децата и нивната безбедност во сообраќајот се приоритет за „Паркиралишта Струмица“, обележувањето на хоризонталната сигнализација почна пред основните и средните општинските училишта. Од претпријатието изјавија дека обележувањето ќе продолжи на разделните, осовинските и стоп линиите, пешачките премини и рабниците на тротоарите на булеварите и останатите улици на градот.
12990851_973409442712486_7917791812746514523_n

12990924_973409479379149_2672915670290183323_n

13043316_973409366045827_8458765360593148359_n

Напишете коментар