Проект: What If? 360… Што ако имате единствена прилика за едукација?

Средното општинско училиште Јане Сандански секогаш се труди да обезбеди единствени искуства за своите ученици и наставници, на ниво на целата држава, па и пошироко. Учениците имаа можност да ги проследат предавањата на Matt Murrie, на 3 и 4 февруари, кој ќе спроведува обуки за учениците и наставниците на тема: What If…?360 Curiosity Based Learning, која има за цел да ја разбуди љубопитноста кај учениците.

Мет е светски признат едукатор од Колумбија, Мисури, САД, автор на 7 книги, професор по англиски јазик во Westminster College , предавач во јавни и приватни школи и факултети ширум светот. Мет има настапувано на познатото ТЕД шоу, кое може да го погледнете во продолжение.

Напишете коментар