Продолжува вандалското однесување на јавните површини во градот

Јавните површини во градот повторно се мета на вандалско однесување. По само неколку денови од хортикултурното уредување на „триаголникот“ кој се наоѓа на почетокот на булеварот „Ленинова“ (на влезот во градот), украдени се дел од садниците од видот „златна туја“. Исти такви садници пред една недела се украдени и од зелениот појас на улицата „Маршал Тито“. Вандалите не го поштедија ни плоштадот „Гоце Делчев“, каде што е искршена една жардинерија.
Од Јавнотото претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ апелираат до граѓаните да престане ваквото вандалско однесување и да покажат поголема почит кон уредените јавни површини во кои се вложени и труд и финансиски средства, а со единствена цел, разубавување на средината во која сите заедно живееме.

Напишете коментар