Притвор за шверцер на мигранти

Регионалниот центар за гранични работи -Исток поднесе кривична пријава против Е.А. (28) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти
На 9 март во 2.30 часот на локалниот пат Струмица-Радовиш полициски службеници се обиделе да сопрат автомобил опел Синтра управуван од пријавениот, но истиот не застанал на дадениот знак.

Откако се оддалечил го оставил возилото и се дал во бегство, а од извршениот преглед на возилото пронајдени се 17 мигранти.

По преземени мерки пријавениот е пронајден и од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Напишете коментар