Причини за миграција на младите од општина Струмица

Центарот на заедницата на општина Струмица во периодот ноември – декември 2015 година спроведува истражување на тема „Младите и миграцијата“, кое е дел од концептот „Општина по мерка на граѓаните“, кој Фондација Отворено општество – Македонија го реализира во партнерство со Општина Струмица. Главна цел на ова истражување е да се соберат прецизни податоци за причините за миграцијата на младите од струмичкиот регион. Конкретно, истржаувањето ќе помогне да се идентификуваат и на јавноста да и’ бидат презентирани причините за магирацијата на младите надвор од струмичкиот регион кон главниот град Скопје и емиграција во други држави, како и миграцијата внатре во самиот регион, во релација село – град.
Цел на ова истражување е и подигање на свеста на локалната заедница за значењето на проблематиката на миграцијата и влијанието на моменталните миграциони тенденции на целиот регион.

Овој прашалник содржи прашања од отворен, полуотворен и затворен тип. Прашалникот е анонимен и резултатите од него ќе се користат исклучиво за целите на истражувањето.

Линк до прашалникот: https://docs.google.com/…/1Yw5qc9Ew5pWA1XX2F6m_FGm…/viewform

Напишете коментар