Презентација за Заштита на Птиците Грабливки

Вчера попладне на плоштадот „Гоце Делчев“ се одржа презентација за заштита на птиците грабливки во организација на здружението „Балд Еагле – Халиаеетус Леуцоцепхалус“. Оваа презентација е една од проектните активности на здружението финансиски поддржана од општина Струмица преку Програмата G1 за поддршка на локалниот економски развој.
-Покрај изградбата на центар за рехабилитација на повредени птици грабливки и центарот за дресура на птиците грабливки, една од поважните активности на здружението е подигање на свеста на граѓаните за заштита на птиците грабливки, што значи во моментот се делат флаери преку кои ги информираме граѓаните кои се птиците грабливки, колку се тие полезни за природата, за нас, а ги информираме и за законската регулатива. Ја користам приликата да се заблагодарам на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој не поддржува секоја година така и оваа, потоа на комплетниот тим на општина Струмица, посебно тимот кој што работи во одделението за локален економски развој, рече Доне Тодоров претседател на Собранието на здружението „Балд Еагле – Халиаеетус Леуцоцепхалус“.

Напишете коментар