Прес на Александар Донев, претседател на О.К Вмро-Дпмне Струмица

Почитувани сограѓани, претставници на медиумите, добар ден.
Чест ми е да Ве информирам дека со одлука на Извршниот комитет,
која е потврдена и на Централниот одбор на мојата матична партија
ВМРО ДПМНЕ, јас, Александар Донев, сум назначен за претседател на
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Струмица.
Како магистер по правни науки, а во периодот што претстои сакам
да и се посветам на политиката, за да можам своите визии за
поубава Струмица да ги преточам во реалност. Но, за тоа ми е
потребна и Вашата помош.
Вратата на ВМРО-ДПМНЕ Струмица е отворена за сите полнолетни
сограѓани, без разлика на пол, возраст, етничка, социјална или
верска припадност и за сите добронамерни сограѓани, кои имаат
некаква идеја или се спремни на било кој начин да допринесат во
победата, која заеднички ќе ја извојуваме на 15 октомври.

Напишете коментар