Прес конференција- Костадин Костадинов, кандидат за пратеник и портпарол на ОО СДСМ Струмица

Почитувани граѓани,

Груевски и фамилијата никако не можат да се помират со фактот дека завршува нивното криминално владеење. Откако видоа дека граѓаните им го вртат грбот, криминалното раководство на ВМРО ДПМНЕ ги зголемува заканите, уцените и притисоците. Партизацијата на државата продолжува. Институциите целосно се ставени во служба на оваа корумпирана партија.
Денеска, јавно прашуваме:
Се врши ли злоупотреба на службени возила за партиски цели?
Се користат ли после работното време за посета на партиските штабови во населените места?
Според нашите сознанија станува збор за две возила – џипови со скопски регистарски ознаки во сопственост на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Дали директорот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ подружница „Беласица“ од Струмица ја злоупотребува својата службена должност и директно учествува во распределбата на огревно дрво и со тоа врши поткуп на гласачкото тело?
Доколку не добиеме одговори на овие прашања во рок од 48 часови, на јавноста ќе и ги приложиме доказите со кои располагаме за овие злоупотреби.
Почитувани граѓани,
Времето на уцени, закани и притисоци, завршува. Оваа корумпирана и криминална власт ќе одговара за сите злоупотреби.
На 11 декември ќе се смени власта. Ќе се случат значајни промени. Граѓаните така сакаат. Ја направија разликата. Го одбраа Планот за живот во Македонија.
СДСМ ќе ги реализира ветувањата. Ќе обезбеди сигурна иднина на државата и достоинствен живот на граѓаните. За СДСМ, секој е важен.

Напишете коментар