ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ОБУКА ЗА МЛАДИ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ НА ТЕМА: „НАЧИН НА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЈА И ФОНДАЦИИ“

Главна цел на обуката е да им се објасни на младите од руралните средини правото на слободно здружување, а преку обуката ќе им се доближи можноста за нивно вклучување во невладиниот сектор и можноста, преку нивно активно младинско учество, да влијаат врз промените во општеството.
Обуката ќе се одржи во две серии: првата на 20.04.2016 г. (среда) во канцеларијата на месната заедница во с. Дабиље и втората на 21.04.2016 г. (четврток) во канцеларијата на месната заедница во с. Муртино.
Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до понеделник, 18 април 2016 година.
Повеќе информации на следниот линк: http://ccstrumica.mk/obuka-za-mladi-od-ruralnite-sredini-n…/.

Напишете коментар