Поставени нови 150 метални контенјери

За да се подобри подигањето на отпадот на територијата на Општина Струмица, ЈПКД “Комуналец“ во соработка со општината набави 150 нови метални контејнери, секој со зафатнина од 1,1 кубен метар. Конренјерите се поставуваат пред јавните институции и на градските улици и булевари, според претходно изготвен план, а во текот на следната работна недела ќе се постават уште 150 нови контенјери се со цел за да се побри општата хигиена во градот. Работна единица од одделението “Механизација“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ ги поправа и преостанатите постоечки контејнери.

Напишете коментар