„ПОРАКА“ ја оддржа втората работилница „Заедно креираме“ со поддршка на општина Струмица

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица ја одржа втората работилница „Заедно креираме!“ во рамките на проектот „Заедно да ја пренесеме пораката на лицата со интелектуална попреченост“ која ја спроведува со републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Скопје и здружението за млади „АДОЛУС“ од Струмица.
Овој проект финансиски е поддржан од општина Струмица преку V2 Програмата за социјална заштита за 2015 година.
Работилницата се одржа во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ каде што членовите на „ПОРАКА“ и учениците од ова училиште изработуваа заеднички цртежи, колажи, бојадисуваа саксии и други фигури. Од „ПОРАКА“ велат дека преку овие заеднички активности се врши приближување на лицата со интелектуална попреченост до секојдневните социјални, културни и забавни активности на младите, односно, до образовниот процес на учениците во основните училишта во општина Струмица.
Ова всушност е и главната цел на проектот, интеграција и социјализација на лицата со интелектуална попреченост во пошироката општествена средина.

Напишете коментар