Почина познатиот водител Драган Вучиќ

Познатиот пејач, водител и телевизиско лице Драган Вучиќ починал на Инфективната клиника во Скопје.

Информацијата ја потврдуваат негови блиски и извори од Институтот за јавно здравје кои тврдат дека причината за смртта се компликации од коронавирусот.

Композиторот Љупчо Мирковски на својот Фејсбук профил објави проштални зборови за својот пријател. ,,За жал, ја изгуби битката. Почивај во мир другарче мое”.

Напишете коментар