По Пауза од 4 Години Адел се Врати на Музичката Сцена

Познатата Британска пејачка Адел, по пауза од 4 години се враќа на музичката сцена со песната Hello.
Би Би Си први го споделија видеото од новата песна која на јутуб каналот за неколку часа ја надмина бројката од над 3,5 милиони прегледи.
Адел своите албуми вообичаено ги нарекува според нејзината возраст, така првиот дебитански албум и е се вика 19, вториот кој и донесе светска слава е 21 од 2011 година.
Третиот албум ќе излезе на 20 ноември и ќе се вика 25.

Напишете коментар