По августовскиот уписен рок во трите средни општински училишта слободни уште 407 места

Во трите средни општински училишта во Струмица во августовскиот уписен рок во прва година за учебната 2018/2019 година се запишале вкупно 19 ученици, а останати се уште 407 слободни места.
Во СОУУД „Димитар Влахов“, се запишале 5 ученици, а останати се 155 слободни места, во средното општинско училиште „Јане Сандански“ се запишани 2 ученика, а слободни има уште 88 места и во „Никола Карев“ запишани се 12 ученици, а слободни остануваат уште 164 места.

Напишете коментар