Пилинг од Кафе за негувана кожа и отстранување на Целулитот

Негуваната кожа без целулит е желба на секоја припадничка на понежниот пол.
Кожата со изглед на кора од портокал е непријател кој многу тешко се отстранува и е потребно доста голем труд.
Освен исхраната, жената мора да се послужи и со доста трикови кои истовремено ја негуваат и кожата.
Еден од подобрите и поефикасните начини е употребата на пилингот од кафе .
Кафето е пијалок за кој научниците никако не можат да се одлучат дали е добар или лош за човековото здравје, но едно е сигурно, кафето е одлично за нега ма кожата, посебно за сувата и исушена кожа.
Дејството на пилингот од кафе, ја освежува и хидратизира кожата, а со тоа се топат масните наслаги, се губат килограми и тоа без диети.
Рецептот е доста едноставен…
Помешајте две лажици кафеав шекер, три лажици кафе и неколку капки маслиново масло, смесата треба добро да се соедини.
Смесата ставете ја добро да се излади, околу 1 час и потоа можете да ја користите.
Пилингот од кафе може да користи повеќе недели ако се стави во тегла или во добро затворен сад.
Колку повеќе се користи толку по видливи ќе бидат резултатите.

Напишете коментар