Отворен Простор за Релаксација на ул. ,,Братство Единство,, бр. 40

Струмичките станари кои живеат во зградата на ул. ,,Братство Единство,, бр. 40, добија убаво уреден простор за починка, игра и релаксација, како резултат на ангажманот на Еколошкото друштво ,,Планетум,, . Овој уреден простор кој синоќа беше свечено отворен, е дел од проектот ,,Зелена граѓанска акција во Струмица,, кој ЕД ,,Планетум,, го реализира во партнерство со Младинскиот совет и Организацијата на жени од Струмица. Проектот е финансиран од страна на УСАИД и Фондацијата Институт отворено општество ,,Македонија,,. Општина Струмица ја има улогата на кофинансиер на проектот, кој е поддржан и од ЈПКД ,,Комуналец,,. Според изјавата на координаторот на проектот Катерина Аџи – Скерлева, масите и клупите кои се дел од овој уреден простор, се дело на учениците од дрвопреработувачката струка при Средното општинско училиште ,,Никола Карев,, од Струмица. Од ЕД ,,Планетум,, најавуваат оплеменување на нови слични простори во урбаното јадро на Струмица.

Напишете коментар