Оставка од Заев и Локални Избори-Вмро Дпмне Струмица

Советниците од Вмро-Дпмне од Струмица ,денеска на прес конференција повторно побараа оставка од градоначалникот Заев и нови предвремени локални избори.
Интегрален текст од прес конференцијата:
Во изминатиот период од две години, сме сведоци дека општина Струмица е оставена на цедило од градоначалникот Заев.
Додека градоначалникот не покажува никаков интерес за извршување на функцијата за која е платен, органите на локалната самоуправа делуваат самоволно и тотално неорганизирано.
Непојавувањето на работното место преставува омаловажување на граѓаните на општина Струмица.
Сите сме сведоци дека наместо да бидат во служба на граѓаните, градоначалникот и неговите партиски војници се многу повеќе присутни на камповите пред Влада, отколку на своите работни места.
Сето тоа самоволие и анархија во општината, негативно влијае на сите нас.
Проектите кој Заев ги ветуваше на граѓаните за да ја добие градоначалничката функција останааа неостварени.
Би споменале само неколку од премногуте ветени, а нереализирани проекти.
– Отворање на 16, 17, 18 фабрики во зона Сачево и вработување на 2000 работници – ништо од сето тоа.
– Изградба на канализација во населените места Банско, Добрејци, Просениково и Дабиља – ништо од сето тоа.
Асфалтирање на улицата „5-ти Ноември“ и многу други улици во градот остаанаа само на хартија како и многу пати до сега.
Единствено за што се залага и интерсира се лукративните и сомнителните зделки кои се обвиени со мито и корупција.
Како што можевме да видиме сите на снимките кои се појавија каде се бара мито од струмичките и други стопанственици, претставуваат срам за сите нас како граѓани.
Неговиот кредибилитет како човек и градоначалник оддамна е истрошен.
Заев не ужива никаква поддршка од струмичани.
Затоа од ова место го повикуваме да си поднесе оставка и да се распишат предвремени градоначалнички избори, и да ја спаси Струмица и струмичани од уште поголеми срамови – изјави Пакетов.

Напишете коментар