Основците во посета на СВР Струмица

Денеска основците беа гости во СВР Струмица.Преку општи запознавања на полициската структура како и крим техничарите и нивната дејност ,поединечните келии за притвор па се до сообраќајната култура тие во голем дел ја научија работата на секторот за внатрешни раљботи во Струмица. Зголемениот интензитет на сообраќајот а паралелно и непочитувањето на знаците и воопшто културата во сообраќакот се спроведуваат превентивни и едукативни предавања на најмалите се со цел подигање свеста не само кај пешаците туку и возачите.

Учениците кои денес беа на предавањето покрај тоа што научија нешто ново,но кажаа што тие знаат,како треба правилно да се однесуваат во сообраќајот.

Континуитетот на реализација на ваквите и слични проекти што се во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот продолжува и останува да биде еден од врвните приоритети на СВР Струмица.

Напишете коментар