Општинското игралиште во Струмица ќе се вика „Филип Лазаревски“

Советот на Општина Струмица вчера донесе одлука општинското игралиште во иднина да го носи името „Филип Лазаревски“, во чест на трагично починатиот поранешен фудбалер на Академија Пандев.

Ова иницијатива за преименување на игралиштето ја започна самиот клуб, а Општината позитивно одговори. На овој начин Академија Пандев и Општина Струмица изразија почит кон играчот кој предвреме го напушти овој свет.

Филип Лазаревски беше член на Академија Пандев и репрезентативец на Македонија во генерацијата 2002. Неговиот ведар лик вечно ќе остане запаметен кај сите во македонскиот фудбал.

Напишете коментар