Општина Василево се вклучи во акцијата „Македонија без отпад“

Викендов, општина Василево се вклучи во г еколошката акција „Македонија без отпад“. Според информацијата од општинскиот координатор, г-дин Бранко Андонов, во акцијата биле опфатени четири локации и тоа дворовите на локалната самоуправа, на ООУ „Гоце Делчев“ Василево и на детската градинка „Прва радост“ како и просторот пред седиштето на ЈПКД„Турија“ во Василево.
Учениците и наставниците и оваа година како и во претходните најмасовно се вклучија во акцијата чија цел е преку практичен пример подигање на свеста на граѓаните за значењето на чистата околина.

Напишете коментар