Општина Василево објави повик за изградба на две улици

Локалната самоуправа Василево објави отворен повик за прибирање понуди за реализација на два проекти: Изградба на локална улица во н.м Нова Маала и Реконструкција на улица во н.м Пиперево. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA кредити, јануари 2011. Заинтересираните понудувачи комплатната тендерска документација во електронска форма на македонски јазик може да ја добијат по уплатата на неповратна такса од 3000 ден. Уплатата се врши на образец ПП 50 на следнава сметка: Банка: Народна Банка на Р.Македонија, Број на сметка: 1 00000000063095, Буџетска корисничка сметка: 709014080063014, Приходно конто: 724125 00.

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да биде подигната директно од архивата на општина Василево.

Дополнителни информации може да се добијат во општина Василево, адреса: с. Василево, бб, тел: 034 354 444 секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот и на e-mail: [email protected]

Краен рок за доставување напонудите е 07.04.2017 година до 12,00 часот.

Напишете коментар