ООУ „Герас Цунев“ од Просениково подготвено ќе ја дочека новата учебна година

Во пресрет на новата учебна 2015/2016 година во ООУ „Герас Цунев“- Просениково се реализираат следните активности:
-Изградба на нови тоалети во состав на училишниот објект, со што се решава еден огромен проблем бидејќи конечно старите дотраени санитарни јазли ќе бидат заменети со нови во нов објект, проект кој е во голема мера помогнат од градоначалникот на општина Струмица.
-Изработка на конструкција за паркинг на велосипеди и цементирање на плато каде што е поставена конструкцијата за паркинг на велосипеди.
-Уредување на ентериерот на училиштето – поставување на ѕидни фотографии/ тапети во училишните ходници.
-Молерисување на кабинети и нивно уредување.
-Изработка и поставување на настрешница на главниот влез на училиштето, цементирање на плато пред главниот влез на училиштето.
-Во тек е постапката за изградба на детска градинка и две училници за реализирање настава со учениците од прво одделение во состав на училиштето, проект кој е во соработка со општина Струмица, Сектор за Локален економски развој.
-Генерално чистење на училиштето и училишните простории.

Напишете коментар