Одржана Третата Сесија од Буџетскиот Форум во о. Василево

Граѓаните на општина Василево синоќа во хотелот Мис Стоун ја одржаа третата сесија од буџетскиот форум.
На оваа трета сесија, беа презентирани расходите на Предлог- програмите на општината за идната 2016 година, а истовремено беше презентиран и ставот на општината за зголемување на приходите во наредната година.
Според градоначалникот Ванчо Стојанов, на ова сесија се презентираа три доста важни стратегии и тоа
приходите на општина Василево, односно предлозите на граѓаните од претходнта сесија за тоа како општинската каса да се полни. „Втората точка на разгледување се расходите на општина Василево за кои исто така имаше и презентација за тоа каде се трошат парите на граѓаните и последната, презентација на три програми односно тоа се програмите за локален економски развој, програмата за спорт и рекреација и една од поголемите програми, Програмата за изградба на улици и патишта.

Напишете коментар