Одбележан Денот на училиштето во СОУ „Димитар Влахов“

Со пригодна програма и оддавање почит на патронот на училиштето, вработените во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ по 69-ти пат го одбележаа Денот на училиштето. На бистата во дворот на училиштето беше положено свежо цвеќе од страна на претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, претставници од Сојузот на борците, пензионирани работници од училиштето и претставници од највисоките органи на училиштето.
По повод Денот на училиштето, директорот Димитар Ѓоргев на наградените ученици за литературен состав на тема „Каде одиш човеку“, им врачи награди во книги.
Свеченоста продолжи со литературно читање, прием на гостите и пензионираните работници и меѓусебно дружење со видео презентација на учениците од компјутерската секција.

11062090_891096357610462_2588985911975824704_n 12063486_891096337610464_6797381151415791181_n 12189152_891096317610466_6863203267386325659_n 12189721_891096367610461_7222033843225343377_n 12189755_891096347610463_3810929041815952433_n 12190025_891096320943799_7868426686978520380_n 12191841_891096370943794_6372244271862478730_n 12208450_891096334277131_1464866906400118565_n 12208698_891096324277132_7001365651466855496_n

Напишете коментар