Од Утре Поевтина Струја

Граѓаните можат да здивнат од утре поефтина струја.
Цената на струјата се намалува за 0,33 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Пресметката на новата цена ќе почне од утре, така што граѓаните во август ќе добијат за 0,33 отсто пониски сметки за струја за јули.

Како причина за намалување на цената, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров, ги истакна намалените трошоци за работење на компаниите, приходите на компаниите, како и помалите количества струја предвидени за продажба.

Напишете коментар