о.ВасилевПокана за учество на шестата (последна) форумска сесија од Буџетскиот форум

Општина Василево ги поканува своите сограѓани, да земат учество во работата на шестата (последна) форумска сесија од Буџетскиот форум која ќе се одржи во вторник, 04.10.2016 година, со почеток во 18,00 часот, во хотелот Мис Стон.

Според предложениот дневен ред на сесијата ќе се презентираат резултатите од форумскиот процес а свое обраќање ќе има и градоначалникот на општината, г-дин Ванчо Стојанов.

Буџетскиот форум се спроведува во рамки на Програмата „Форуми во заедницата“ со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC) и Единицата за координација на форумите.

Напишете коментар