о.Василево се задолжи со 10 000 000 денари за изградба на улици во Пиперево и Нова Маала

Со осум гласови „за“ беше донесена одлуката за кредитно задолжување на општина Василево во износ од 10 000 000 денари наменети за изградба на две улици: по една во населените места Пиперево и Нова Маала, на вчерашната 45 седна на советот на општина Василево.
Советниците од советничката група на СДСМ и НСДП не гласаа за предлогот.

Истата предлог-одлука беше на дневен ред и на вонредната седница одржана пред неколку денови, но тогаш не го доби потребното мнозинство.

„ Она што не успеавме да се договориме со советниците на претходната вонредна седница денес тоа го сторивме, ја донесовме одлуката за кредитно задолжување на општина Василево во висина од 10 000 000 денари врз основа на позитивен одговор од Министерството за финансии и Светска банка за задолжување на општина Василево, бидејќи општина Василево има кредитен рејтинг за тоа да го направи. Задолжувањето ќе биде за две улици односно за централната улица во населено место Пиперево, која ќе има пешачки патеки од двете страни на улицата, атмосферска канализација и осветлување. Другата улица е во населеното место Нова Маала. Тоа е една од пофреквентните улици во ова населено место, со ширина од 5 метри и ќе биде со каналско одведување на атмосферските води“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, по одржувањето на денешната седница.

Согласно денес донесената Одлука, долгорочното домашно задолжување на општина Василево ќе се оствари преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

Висината на заемот е 10 000 000 денари, со грејс период од една година и рок на отплата од 5,5 годин

Напишете коментар