о.Василево- Се крпат дупките на селските улици

Деновиве, локалната самоуправа од Василево презема активности на санација на селските улици во дел од населените места на општината. Конкретно активностите се состојат во крпење на дупките. По претходно сечење и отстранување на оштетените делови, дупките се полнат со асфалт со што се санираат оштетувањата настаните во изминатиот период кои претставуваат закана по безбедноста во сообраќајот. Според информацијата од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојано, паралелно со изградбата на нови улици и локални патишта, општината работи на санација на оштетувањата на локалните улици настанати во изминатиот периодд. Деновиве се крпат ударните дупки на улиците во населеното места Василево, и тоа улицата што се простира лево и десно од поштата, а во населеното место Нова Маала две улици се рамнат и тампонираат. Целта на овие активности е да се нормализира нивната состојба бидејќи како што вели Стојанов, реално претставуваат проблем во нормалното одвивање на сообраќајот.

Активноста на санација на локалните улици и крпење на ударните дупки ќе продолжи и во наредниот период. Следни на „удар“ се дупките во населените места Пиперево и Владиевцви, а до први септември, почетокот на новата учебна година ќе се интервенира и на локалниот пат Чанаклија –Нова Маала, како истиот би се подобрил за секојдневниот превоз на учениците, нагласи градоначалникот, г-дин Ванчо Стојанов.

Работите на терен ги врши градежната фирма „Џови компани“ со која општина Василево има склучено договор за крпење на ударни дупки.

Напишете коментар