о.Василево- Градоначалникот Стојанов на средба со земјоделците во Чанаклија

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, денес, заедно со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – ПЕ Струмица, Македонски шуми – Струмица, Водостопанство, Агенција за ветеринарство и храна и Агенцијата за финансиска поддршка на зејоделието и руруралниот развој, оствари средба со земјоделците од населеното место Чанаклија, каде на присутните им беа презентирани поволностите на Програмите за финансиска поддршка, односно начините и условите за аплицирање и добивање финансиска поддршка.
Воедно ова беше можност и прилика, земјоделците кои сеуште немаат исплатено субвенции да го презентираат својот случај за да во соработка и координација меѓу релеванрните институции се најде решение односно да се изврши задоцнетата исплата на субвенциите.
Вакви средби се закажани и во другите населени места на општина Василево и тоа: Нова Маала на 21.01. 2016 во 18,00 часот во локалната продавница, Радичево – 22.01.2016 год. во 18,00 часот во училиштето, Василево – 27.01.2016 во 17,00 часот во Домот на културата, Доброшинци – 29.01.2016, во 17,00 часот, во училиштето и Сушево – 09.02.2016 год. во 18,00 часот во училиштето.
Средбите овозможуваат зголемена информираност на земјоделците за поволностите што ги нуди Министерството за земјоделие преку своите програми но и можност да ги изнесат своите проблеми и да побараат репенија за истите.

Напишете коментар