о. Ново Село- Асфалтирање во Старо Коњарево

Општина Ново Село продолжува со реализација на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за 2015 година.Во оваа програма е опфатено населеното место Старо Коњарево со асфалтирање на улица со должина од 260 метри. Со асфалтирањето на оваа улица се олеснува движењето на возилата и на пешаците, се овозможува подобра и побезбедна комуникација односно подобар квалитет на живеење на граѓаните.Со оваа програма се опфатени и други населени места во општината. Досега од програмата се асфалтирани улици во населените места: Зубово, Сушица, Самоилово, Колешино, Мокриево,Смоларе и Старо Коњарево.Програмата продолжува со крпење на ударни дупки во повеќе населени места.

Напишете коментар