НТ „Антон Панов“ Струмица се вклучува во хуманитарната акција за поплавените

НТ „Антон Панов“ Струмица ја информира јавноста дека се вклучува во хуманитарната акција за помош на населението од подрачјата погодени од природната непогода која деновиве ја зафати нашата земја …со што се вклучува со донација на приходи од продажбата на билети со цел да помогне на населението чии домови настрадаа во катастрофалните поплави. Собраните средства ќе бидат префрлени на посебна жиро-сметка наменета за помош на граѓаните погодени од поплавата. Воедно ги повикуваме граѓаните да го посетат настанот затоа што секој купен билет значи мал придонес и помош на нашите граѓани од поплавените подрачја. Цената на билетот е 100 денари.

Напишете коментар