„НОВУС“ одржа работилница „Запознај ги твоите младински права“ поддржана од општина Струмица

Здружението на граѓани „НОВУС“, денеска, одржа работилница „Запознај ги твоите младински права“ која е дел од проектот поддржан од општина Струмица преку Програмата за поддршка на НВО секторот за 2016 година преку Програмата G1 за локален економски развој. Предавач беше Александра Живковиќ од Младински образовен форум.
На денешната работилница посебен акцент беше ставен на младинските права и политики, како тие се остваруваат и на кој начин може да се заштитат, доколку дојде до нивна повреда. Учесниците на работилницата беа информирани и за правата на средношколците и студентите, како и со уставните и законски загарантирани слободи и права. Работилницата беше отворена за млади од 16 до 29 години.

Напишете коментар