НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот за
институционална поддршка од ФООМ ја организираше завршната обука за
запознавање на младите со европските политики и институции

Обуките беа дел од проектот за програмско јакнење на Здружението НОВУС
и остварувањето на Цел 3. „Промовирање и застапување на европски вредности,
принципи и политики“ заради подобрување и унапредување на владеењето на
правото, човековите права и демократијата во РМ и хармонизирање со ЕУ.

На завршната обука присутни беа 15 млади луѓе од средните училишта во
општина Струмица, а предавач и тренер беше Андреја Стојковски од Центарот за
европски стратегии „Еуротинк“.

Напишете коментар