НОВУС ги запозна младите со европските политики и институции

Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот за
институционална поддршка од ФООМ oрганизираше обука за запознавање на
младите со европските политики и институции.

Обуката е дел од проектот за програмско јакнење на Здружението НОВУС и
остварувањето на Цел 3. „Промовирање и застапување на европски вредности,
принципи и политики“ заради подобрување и унапредување на владеењето на
правото, човековите права и демократијата во РМ и хармонизирање со ЕУ.

На обуката присутни беа 20 млади луѓе од средните училишта во општина
Струмица, а предавач беше Андреја Стојковски од Центарот за европски стратегии
„Еуротинк“.

Во наредниот период Центарот за истражување и анализи НОВУС ќе
организира уште една обука со што ќе се комплетира сетот од обуки за јакнење на
капацитетите на младите во поглед на запознавање на младите со европските
политики и институции.

Напишете коментар