Новогодишно-Божиќно Шоу на СОУ Јане Сандански и Младински Совет

Музичкиот кабинет во средното општинско училиште Јане Сандански ги привршуваат подготовките за шетиот по ред Новогодишен-Божиќен концерт.

Според професорката Анита Станковска и професорот Денис Кирчанов, присутните гости ќе уживаат на уште едно уникатно и спектакуларно шоу со звузците на џезот, свингот, боса нова.

Во овој концерт ќе учествуваат околу 40 ученици, како дел од хорот и музичкиот бенд.

И овој концерт е во соработка со Младинскиот совет и има хуманитарен карактер.

Влезниците се со цена од 100 денари и ќе бидат наменети за Мартина Манушева.

Како за промена оваа година концертот ќе се одржи во домот на АРМ и то на 4 Јануари во два термини, во 18.00 и 19.30 часот.

Напишете коментар