Новогодишно-Божиќна честитка од градоначалникот на општина Ново Село

Драги пријатели, почитувани граѓани..!
Веќе велиме збогум на 2015 година која заминува во историјата. Доста важна година за нашата општина.
Би сакал искрено да Ви се заблагодарам Вам, за сите ваши напори, за работата, за довербата, поддршката кон нас и Ви благодарам за вашите лични остварувања.
Во овие моменти сме сведоци на тоа како времето лета.
Како нашите деца растат брзо, колку ги цениме нашите семејства и пријателите, сплотени, во овие моменти самите откриваме колку ги сакаме.
Се надеваме Новата Година да ни донесе многу среќа и успех, но не можеме да чекаме сами да се случат чуда, за нив мораме да работиме, да се потпреме на нашата сила и на луѓето до нас, на тоа што ние самите можеме да го постигнеме.
Да се подобриме од аспект на одговорност, добронамерност, да покажеме дека навистина се грижиме за нашите блисkи, нашите деца и родители, нашите колеги и пријатели и сите останати на кои им е потребна поддршка.
Како што полека влегуваме во Новата Година, сите очекуваме позитивни промени, а нашите лични планови се неразделиви од родното место, родниот крај, од татковината.
Како и до сега, тие се дел од неколку илјадитната годишна историја која е испишана со заеднички напори и енергија, резултат на нашето единство и одговорност, нашиот стремеж за правење добро, и тоа колку е можно почесто.
Само заедно, ние, граѓаните на општина Ново Село, Македонците, можеме да се движиме со самодоверба напред, справувајќи се со предизвиците, решавајќи ги тешките проблеми пред кои сме исправени, а со тоа, градејќи моќна, успешна средина, и модерно, просперитетно и слободно општество.
Почитувани граѓани, Ви посакувам добро здравје, вера, надеж, љубов и среќа во новата 2016 година.
Среќна Нова Година, и среќни Божиќни празници.

Напишете коментар