Нова книга „Тези и аскези“ од Горан Тренчовски

Во книгата „Тези и аскези“ од Горан Тренчовски се содржани 12 студии, огледи и есеи за книжевноста и интермедијалноста. Авторот Тренчовски во овие текстови допира повеќе теми, меѓу кои: митот за Дионис кај нас, психоаналитичноста кај Цепенков, хронотопот кај Прличев, татковинството кај Чинго и Киш, како и драмскиот дискурс во некои дела на Кочо Урдин, Стојан Ковачев, Митко Маџунков, Васе Манчев, Томе Арсовски, Венко Андоновски.

Во предговорот, Зоран Стефановиќ, драматург и сценарист од Белград, го нарекува ова дело „временска капсула, книга која се занимава со местата на древните митови, со односот на книжевноста и драмските уметности, со разгледување на културниот дух на македонската и соседните традиции, со филмолошки, театролошки и културолошки теми…“, известија од „Феникс“

преземен од мкд.мк

Напишете коментар