Неделен Билтен СВР Струмица

Во периодот од 08 до 14.02 оваа година во Струмица се случиле 12 кражби. Објекти на напад биле: двор, нива, продавница, а предмети на напад:  електрична енергија, електромотор, цвеќиња, лаптоп, денари, кондиторски производи, дрвена бандера, машина за мeлење пченка, рачна количка. Причинета е материјална штета од 61.500 денари.

 

Во истиот период се случиле и 7 сообраќајни незгоди поради управување на м.в. без возачка дозвола, алхохол, првенство, неприлагодена брзина, првенство. Телесно се повредени 3 лица, причинета е материјална штета од 135.000 денари.

Пријавени се 5 нарушувања на јавниот ред и мир од кои 3 поради физички напад, а 2 поради карање и викање.

Од страна на ПС за БПС Струмица спроведени се две акциски контроли со констатирано 17 прекршоци.

Напишете коментар