Недела за нега на стари лица под мотото „Сите сме нивни деца“

ООЦК Струмица во рамките на одбележувањето на неделата за нега на стари лица под мотото „Сите сме нивни деца“, во соработка со партнерот од мрежата Инклузива М преку проектот „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ ,Здружението на пензионери од Струмица организираше мерење на шеќер во крв, мерење на притисок и делење на флаери од едукативен карактер на пензионерите и повозрасната популација од село Градско Балдовци во просториите на Клубот на пензионери. Акцијата ја спроведоа младите волонтери на Црвен крст. Целта на акцијата е спојување на различните генерации со совети за здрав живот, поделување на спомени и дружење на младите и старите од нашата средина.Околу 50 лица беа опфатени со оваа активност .

Напишете коментар