„Нашите раце се нашиот глас“ – едукативна работилница по знаковен јазик

Сакаме со Вас да ја споделиме информацијата дека по повод Меѓународниот
ден на глуви и наглуви лица, Здружението на глуви и наглуви лица –
Струмица на 28.09.16 г. во 14 часот организира едукативна работилница по
знаковен јазик, под мотото: „Нашите раце се нашиот глас“. Едукатори ќе
бидат глуви лица – членови на Здружението.

Настанот ќе се одржи во простотиите на Здружението. Просториите се
наоѓаат на ул. „Моша Пијаде“ бр. 41.

Оваа едукативна работилница е дел од Програмата на Здружението која е
финансиски поддржна од Општина Струмица преку V2 Програмата за социјална
заштита на Општина Струмица за 2016 година – трнасфер до НВО

Напишете коментар