Мостот на копнежите на Сузана Мицева,добитник на наградата Антологија на болката на годинешните Рацинови средби.

 

suze-naslovna1434109169_thumb_medium490_0

Со богата културна и уметничка програма синоќа во Велес започна 52 то издание на поетската манифестација Рациновите средби 2015 година.Со цел да се афирмираат дебитаните и младите поети за прв пат се востанови наградата Антолгија на Болката.Според стручното жири во состав Ана Ѓовкарова, Сашо Димов и Игор Крајчев оваа награда и се доделува на младата поетеса Сузана Мицева за стихозбрката Мостот на Копнежите, станува збор за стихозбирка која со сигурност ќе ја збогати современата македонска поезија, додека авторството што во иднина ќе излезе од богатиот внатрешен свет на Мицева ќе стане глобална книжевна вредност,изјави Ана Ѓовкарова

За Сузана Мицева чест е да се добие ваква награда,таа поезијата ја чуствува како интимна исповед и оваа награда за неа преставува победа на својот внатрешен страв.

Стихозбирката на Мицева Мостот на Копнежите денеска беше промовирана пред велешката публика на малата сцена во велешкиот театар.

Напишете коментар