Младите се на Потег во Струмица

Денеска на прес конфренција во просториите на Црвен Крст во Струмица,беше највен стартот на емисијата Младите се на потег која ќе се снима на 24.07.2015 година во просториите на центарот за култура Антон Панов.Во првата емисија гости ќе бидат млади таленти од нашиот град.
Според главниот уредник и водител на емисијата Дејан Трендов,преку оваа емисија ќе се промовираат младите таленти од Струмица,ќе се промовира работата на клубот на младите при Црвен Крст,ќе се промовираат и настаните кој ги организира организацијата на Црвен Крст-Струмица.
Според Трендов,вакви емисии ќе се снимаат еднаш месечно,предизвикот е голем бидејќи станува збор за млади луѓе и тоа што емисијата ќе биде во живо и пред публика.
За следните емисии гости ќе бидат познати музички имиња од македонската естрада.Оваа емисија покрај едукативниот карактер има и хуманитарен карактер,така што средствата што ќе бидат собрани од влезниците ќе им бидат дадени на оние на кои им е потребна ваквата помош.

Напишете коментар