Младински Совет -Пешачиме со спортски дух, до победнички врв

„Со спортски дух, до победнички врв” е нашето мото со кое ги покануваме сите струмичани на групно пешачење во чест на обележувањето на Светскиот ден на пешачењето.

Викендски, в недела (25.10.2015) Струмица ќе стане дел од стотиците градови низ светот кои во октомври – месецот на пешачењето организираат активности преку кои го вклучуваат алармот за здрав живот.

Патеката за пешачење ќе биде од збирното место Ловен Дом до Св. Илија, вклучувајќи игри за поавантуристичко пристигнување до целта-врв. Оние кои ќе пристигнат до манастирот св. Илија ќе добијат порција весели моменти и уживање, забава придружена со музика и многу дружење.

Настанот започнува во недела во 12.00 часот, а сè што треба да направите за да ни се приклучите е да ги облечете вашите омилени тренерки и да го понесете со себе својот спортски дух, и се разбира насмевката.

Ве очекуваме!

Напишете коментар