Макс Струмица-Голот на Војводина е Нерегуларен

На вчерашната прес конференција по повод денешниот натпревар против Татран Прешов, кој исто така ќе се игра во Струмица, тренерот Марјан Андонов ја почна велејќи дека тимот е паднат психолошки поради пропуштената шанса за победа, но многу повеќе поради нерегуларни примениот гол.

„Ние сме малку како во нокдаун од вчерашниот натпревар, беше речиси добиен и на крај се случи тоа што се случи. Последниот гол за нас е нерегуларен, тоа го проверивме икс-пати до доцна синоќа. Поминати се некои четири секунди и 37 стотинки, а во ракометот тоа не е дозволено. Ќе ја замолам натпреварувачката комисија на СЕХА добро да го разгледа и да одлучи што е право. Ни преостанува вечерва да ја подигнеме малку екипата. Знаеме колку е тешко во спортот, го имаш, па потоа го немаш, а натпреварите одат ден за ден. Ни преостанува да ја кренеме екипата психолошки и утре да прикажеме една добра игра“, изјави Андонов.

Превземено-СпортМедиа.мк

Напишете коментар