Крводарителска акција во Василево

На 12.07.2017 година, (среда) Црвениот крст на Македонија во соработка зо Заводот за трансфузиона медицина и општина Василево, организираат крводарителска акција. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09,00 до 14,00 часот, во просториите на општинската зграда.

Организаторите ги покануваат граѓаните на општина Василево да се вклучат во акцијата, да ја покажат својата хуманост на дело и со својата драгоцена течност да помогнат во спасувањето на нечиј живот.

Напишете коментар