Крводарителска акција по повод 14 јуни Светски ден на крводарителството

Почитувани граѓани,
На ден 13.06.2018 (Среда) од 08.30 до 14:00 часот, Општинската организација на Црвен крст Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица организира граѓанска акција за дарување на крв.Акцијата се организира во соработка со клубот на крводарители при Црвен крст Струмица по повод 14 јуни Светски ден на крводарителството.
Акцијата ќе се одвива во просториите на Институтот за трансфузиона медицина Струмица.
Факти за крводарувањето:
-Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
-Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
-Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
-Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
-Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
-Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
-На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
-Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација

Напишете коментар