„Комуналец“ започна со чистење на поројот „Крушевска Република“

Во рамките на традиционалната пролетна акција за генерално чистење на градот и населените места, а која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“, вработените во работната единица „Чистота“ при јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започна со чистење на поројот „Крушевска Република“. Според информацијата од Бранко Горѓиев, раководител на оваа единица, вклучени се поголем број вработени луѓе кои вршат детално чистење на поројот, односно, на потегот од мостот на улицата „Младинска“ кон горниот дел на градот, а во недела (23.04.2017г.) ќе се чисти од мостот кон транзитниот пат. Бидејќи поројот многу често се полни со разновиден отпад од „Комуналец“ апелираат до граѓаните, посебно оние кои живеат покрај него, да не го фрлаат отпадот во него, туку, кога имаат насобран отпад во своите домаќинства да се јават на телефонскиот број на „Комуналец“ 034 325 909 и на „Систем 48“ 0 800 1 48 48 и истиот веднаш ќе биде подигнат, а со тоа поројот ќе биде чист.

Напишете коментар