„Комуналец“ го заврши уредувањето на градскиот плоштад по „Струмица опен Фест“

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ комплетно го уреди плоштадот „Гоце Делчев“ по завршувањето на најмасовната културно – забавна манифестација „Струмица опен фест“. Откако детално беше исчистен со специјално парфимирано средство за гранитни површини и дезинфициран, поставена е и комплетната урбана опрема, клупите, корпите за отпадоци и жардинериите, на местата од каде што беа подигнати. Од ЈПКД „Комуналец“ изјавија дека пред да бидат наместени, корпите за отпадоци се измиени и е извршена дезинфекција на истите.
По ова уредување, се врати прекрасниот изглед на градскиот плоштад, кој во овој летен период е омилено место на струмичани за вечерни прошетки.

Напишете коментар